ПомошːНагледен уредник/Карти

From MediaWiki.org
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Help:VisualEditor/Maps and the translation is 90% complete.
Outdated translations are marked like this.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Deutsch • ‎English • ‎Türkçe • ‎français • ‎български • ‎македонски • ‎日本語 • ‎한국어

Ставање карти со нагледниот уредник

Ставката „Карта“ во менито „Вметни“

За да ставите нова карта во една страница, стиснете на „Вметни“ во алатницата на Нагледниот уредник. Потоа стиснете на „Повеќе“, со што ќе ви се прикаже „Карта“. Картата ќе се појави онаму кајшто ви е показникот.


Стандардните поставки на картата

Стискајќи на ставката „Карта“ ќе ви се отвори прозорче со интерактивна карта. За да ја зададете местоположбата, влечете ја картата и служете се со копчињата „+“ и „-“ додека не го најдете она што го барате.


Можете да ја зададете големината на картата, страната на приказ и бараниот јазик за натписите на неа. Имајте на ум дека не сите натписи се достапни на секој јазик (повеќе за јазиците на картата).

Исто така, во картата можете да ставате обележувачи, линии и многуаголници. Штом се ставени, стиснете на моливчето во алатникот за да ги измените својствата на елементот.

Ставање бележник
Измена (уредување) на бележник

Ако стиснете на „Тековна положба“ под картата, ќе ја добиете географската ширина и должина на средиштето на картата, како и степенот на приближеност. Овие вредности ќе се изменат ако ја влечете картата.

Кога ќе завршите, стиснете на „Вметни“ за да го затворите дијалогот и да ја вметнете картата во страницата.


Измена на постоечка карта

Кога имате постоечка карта, можете да нагодувате разни нешта како страната на приказ и другоː стискајќи на неа, а потоа на иконката „Уреди“ која ќе се јави под картата.

Можете да ѝ ја менувате големината на картатаː стискајќи на неа, а потоа влечејќи ја двостраната стрелка во долниот агол на картата.

Можете и да ја повлекувате и довлекувате картата за да ја ставите погоре или подолу на страницата.

Отстранување карти со нагледниот уредник

За да отстраните една карта, изберете ја, па стиснете на копчето „Delete“ на тастатурата. Можете и да исечете преку менито за уредување („Edit“) на прелистувачот.

Напредни можности

Напредни можности како бележници, облици по желба и други поставки во GeoJSON ќе најдете на $1.

For advanced map settings, like for markers, custom shapes, or other GeoJSON settings, please see Помош:Додаток:Картограф .