ВизуеленУредник/Портал/Предложни податоци

From mediawiki.org
This page is a translated version of the page VisualEditor/Portal/TemplateData and the translation is 100% complete.

Што се Предложни податоци?


Нагледен уредник — нагледниот посредник за уредување на викистраници има алатка за лесно уредување на предлошки. Меѓутоа, за алатката да биде најкорисна, треба да може да се повикува на информации за предлошката. Ова највеќе важи за можните параметри и нивните особености.


Без Предложни податоци


Без Предложни податоци, секој параметар треба да се додава рачно кога некаде ставате нова предлошка.


Не е наведена информација за тоа која мора да биде вредноста на параметарот.

Со Предложни податоци


Со Предложни податоци, список на поддржаните параметри (и нивен опис) се осигурува за предлошката.


Предложни податоци осигурува контекст за секој параметар и прави многу полесно за корисниците да се менуваат предлошки.

Додавање на Предложни податоци


Една од работите за коишто ни требаат доброволци е додавање на Предложни податоци во предлошките (особено оние од висок профил, како што се инфокутиите) за да бидат лесни за уредување.

Во Помошната страница за Предложни податоци објаснува како да додавате информации за предложни податоци информации кон предлошка.

Веројатно можете многу лесно да помислите на некои прилично важни предлошки на вашето вики; искусните корисници прилично добро знаат кои предлошки се голема работа и неизбежно ќе дознаат кога ќе се обидат да ги користат и ќе откријат дека нема никакви Предложни податоци.

Автоматски создаден список на најискористените предлошки на вашето вики можете да најдете на службената страница Special:MostUsedTemplates.